На Дани Алвес му се распаѓа животот, сопругата исфрлена од семејниот дом

Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвес го минува најлошиот период од својот живот бидејќи три месеци е во затвор поради обвинение за силување, а на повидок нема добра вест.

Актуелната сопруга на Алвес, Јоана Санз, собира документи и сака што поскоро да се разведе од него.

Шпанска Marca пренесува дека Санз била исфрлена од куќата на Алвеш, која со години ја делела со славниот фудбалер.

Динора Сантана, поранешната сопруга и мајка на децата на Дани Алвес, наводно била таа што ја известила Санз дека мора да го напушти неговиот дом.

Санз не сакала да потпише изјава за доверливост и непристрасност и поради тоа не смее да продолжи да престојува во куќата која ја сметала за дом. Таа брзо ги спакувала работите и ја напуштила куќата.

Шпанското ТВ-шоу „Y Ahora Sonsoles“ го откри емотивното писмо што Алвес ѝ го напишал на сопругата.

„Драга моја Јоана, осум години поминавме со многу љубов, почит и взаемна грижа. Последните години беа особено убави со тебе покрај мене. Ти и моите деца Дани Фиљо и Викторија сте најдоброто нешто што ми се случи во мојот живот. Заедно растеме откако се запознавме, од првата минута кога го започнавме нашиот заеднички живот“, напишал Алвес во писмото.

Санз во меѓувреме ги отстрани сите заеднички фотографии од Instagram, додека профилот на Алвес е полн со фотографии со неговата сопруга.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniel Alves (@danialves)

Во ова писмо тој уште еднаш се осврна на делото за кое е обвинет, а кое со презир го отфрла.

„Ме обвинуваат за лаги. Во мојот живот се водам од вредностите на љубовта, почитта и посветеноста. Продолжувам да се борам, како и секогаш, со поддршката на оние до мене кои сакаат да ја докажат мојата невиност на цел свет. Ќе се борам со незапирливата љубов на моите деца, моите родители и оние кои се со мене. Наскоро ќе му ја докажам на светот мојата невиност“, вели Алвес во писмото.

Се очекува наскоро да му биде изречена казна, а ако им се верува на добро упатени извори, тешко дека Алвес ќе може да ја докаже својата невиност во овој случај.

Најтрофејниот фудбалер во историјата остави неизбришлива трага, а во својата богата кариера настапуваше за Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Саум Пауло и мексиканскиот УНАМ.

За репрезентацијата на Бразил одигра 126 натпревари, а на последното Светско првенство во Катар беше дел од првата екипа.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе