На две недели до ОИ, прогласена вонредна состојба во Токио

Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга одлучи да воведе вонредна состојба во Токио поради коронавирусот, беше соопштено на само две недели пред почетокот на Олимписките игри.

Привремената вонредна состојба ќе биде во сила од понеделник до 22 јули, соопшти владата.

Предвидено е Олимпијадата да се одржи од 23 јули до 8 август.

Причината за воведувањето на четвртата вонредна состојба во Токио е уште едно значително зголемување на бројот на заразени.

Вонредната состојба, сепак, не е затворање со строг полициски час како во другите земји.

Иако граѓаните се повикуваат да останат дома, рестораните се отворени, но не смеат да служат алкохол и да нудат караоке, а навечер треба да затворат порано од вообичаеното.

Јапонија не претрпе експлозија на пандемијата со COVID-19, како што беше случај со многу други земји, но има повеќе од 810.000 заразени и 14.900 мртви, според Reuters.

Бавен процес на имунизација

Бавната вакцинација значи дека само една четвртина од популацијата примила барем една доза вакцина против COVID-19.

Одлуката за воведување нова вонредна состојба во Токио доаѓа откако денеска во главниот град беше објавена бројка од 896 новоинфицирани лица, што е скоро како во средината на мај.

Организаторите на спонзорите вчера им предложиле неколку сценарија за Олимпијадата, изјави извор близок до разговорите.

На спонзорите им било кажано дека доколку јавноста не смее да влегува на стадионите, сите настани ќе се одржуваат без навивачи, што значи дека билетите наменети за спонзорите нема да можат да се користат и тоа ќе биде нов удар врз буџетот на Олимписките Игри, што веќе трпи загуби бидејќ нема продажба на влезници за навивачите.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе