На Табановце поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан

На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија, Царинската управа ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што, како што информира денеска Владата, е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.

– Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли, информира владината прес-служба.

Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз.

Од Владата најавуваат дека следната недела вакви обележја ќе бидат поставени и на граничниот премин Ќафасан при влез во Северна Македонија, а потоа тоа ќе го направат и партнерите од Србија и Албанија на позициите при влез од нашата држава во тие две држави.

– Одобрението за овластен економски оператор кој го издава Царинската управа претставува потврда дека лицето имател на ОЕО е сигурен и безбеден партнер на царинскиот орган и има контрола над процесите на своето работење, а со протоколите кои меѓусебно ги потпишавме тие потврди се еднакво валидни и за земјите кои се дел од иницијативата Отворен Балкан. Ова е значајна придобивка за компаниите од трите земји кои побрзо и поефикасно можат да ја пласираат својата роба, истакнуваат од Владата.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе