Најбогатите акумулираа 45,6 отсто од богатството во 2021 година

Вкупното светско богатство порасна за 9,8 отсто и во 2021 година достигна 463,6 милијарди долари.

За тоа најзаслужни се САД со учество поголемо од половината од вкупното зголемување на богатството. Кина придонесува со четвртина.

Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија, Латинска Америка заедно сочинуваат само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство во 2021 година, се наведува во извештајот објавен од банката Credit Suisse Group.

Најбогатиот еден отсто од планетата продолжува да акумулира 45,6 отсто од богатството во 2021 година, пишува El País.

Извештајот предвидува малата група да продолжи да расте. Бројот на милионери, со богатство поголемо од милион долари, ќе достигне 87 милиони, а бројот на ултрабогати, со нето богатство поголемо од 50 милиони долари, ќе достигне 385.000 во наредните пет години.

Во основата на пирамидата се оние кои во 2021 година имале капитал помал од 10.000 долари и кои претставуваат 53 отсто од светската популација.

Во поглед на зголемувањето, две најуспешни економии се САД и Кина, двете со стапка на раст од околу 15 проценти.

На дното е Европа, која расте само 1,5 отсто во 2021 година, но ја акумулира втората најголема маса на богатство зад САД и пред Кина.

За наредните пет години, извештајот предвидува земјите со среден приход да бидат главен мотор на светската економија, со 42 отсто од глобалниот раст.

Што се однесува до распределбата на богатството, според извештајот, овој век глобалната нееднаквост се намалила, поттикната од забрзаниот раст на пазарите во развој.

Претпоставката е поткрепена со тоа што сегментот на оние со богатство меѓу 10.000 и 100.000 долари најмногу пораснал од почетокот на векот, од 504 милиони на 1.800 милиони поединци.

Во извештајот 2021 се смета за добра година за финансии. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе