Најкритични точки во Грција на кои крадците масовно оперираат и упаѓаат во автомобили

„Внимание, крадци упаѓаат на плажата на Неа Каликратија“, „Во Солун обиени дури три автомобили еден по друг“, „Украдено бело Clio пред супермаркет на плажа во Пефкохори“, се само дел од предупредувањата што зачестија во последните неколку дена во Facebook групата „Грција инфо“, во која членовите разменуваат искуства за плажите, сместувањето, цените, храната… Крадците не се насочени само кон туристите од регионот, туку кон сите оние што, изгледа, оставаат ранец, очила или каков било личен предмет во автомобилот, а кои го привлекуваат вниманието на крадецот. Грчките власти апелираат до сите посетители дојдени на одмор да не оставаат ништо во возилата и да внимаваат при паркирање на одредени места, кои се чини дека ги фаворизираат крадците.

Туристите и граѓаните на Грција се целосно свесни за проблемите со обивање автомобили на паркинзи, кршење стакла и крадење работи, како и за фактот дека овој вид криминал во Грција е зголемен во последните години.

Крадците не се задржуваат долго на самото место, па тешко е да се фатат како крадат. Велат дека ваквите кражби траат од 10 до 15 секунди, а се случуваат во секое време од денот или ноќта.

Најчесто го кршат стаклото од автомобилот со цврст предмет (затоа што не им треба алат за тоа) или ја кршат бравата, грабнуваат што ќе најдат и бегаат. Добро ги знаат локациите на кои туристите најчесто оставаат скапоцености во своите автомобили.

Затоа, не оставајте ништо вредно во автомобилот, дури и кога ќе излезете на неколку минути, ниту на прометни улици ниту на јавни паркинзи, кои немаат чувар.

Конкретно, не смеете да оставате пари (дури ни ситни парички), картички, клучеви, куфери и чанти, техника, паричници, очила и парфеми на видно место во автомобилот.

Порталот GRČKAinfo.com ги објави клучните локации на кои врз основа на досегашните пријави од туристите крадците се сè почести.

Тоа не значи дека ќе ви се случи на истото место, но секако може да биде добар потсетник да бидете внимателни на слични места.

Според досегашните искуства, крадците најчесто оперираат на паркинзите на големите супермаркети и трговски центри, како IKEA, Lidl, Jumbo, потоа на отворени паркинзи во Солун, кај Белата кула, во околината на плоштадот „Аристотелис“, на паркингот кај аквапаркот во Солун, како и на паркинзите на некои плажи на Халкидик.

Порталот наведува туристите никако да не одат на шопинг во големите маркети директно од граница и во автомобили со куфери и други работи.

„Крадците многу добро знаат дека туристите најчесто купуваат храна веднаш по пат за да не мора да доаѓаат подоцна и знаат дека се полни со вредни работи. Немојте да го правите тоа, а ако треба, нека остане барем едно лице до автомобилот за да внимава на работите. Минимум 4 автомобили се обиени во последните три дена на необезбедениот паркинг до плажата „Сахара“ во Неа Ираклија и Неа Каликратија. Од едниот автомобил украдени се патики, а од другиот лаптоп и пасош“, наведува порталот.

Без разлика дали крадците ви украле нешто или само го скршиле стаклото или ја скршиле бравата, пожелно е целиот случај да го пријавите во грчката полиција.

Најдобро е да не допирате ништо, туку веднаш да повикате полиција на бројот 100 или да отидете во најблиската полициска станица.

Известете ја полицијата доколку сте забележале дека нешто е украдено бидејќи секогаш постои шанса украдените предмети да ви бидат вратени. Ако ви се украдени банкарските картички, јавете се во вашата банка и веднаш откажете ги сите картички за да не останете без пари.

Тагови
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Регион

Вукашин е 16-тата жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

Read more

Вучиќ најави дека ќе организира протести: Очекувајте покана наскоро

Read more

Што поседува семејството на убиецот од Рибникар кое мора да им плати милиони на семејствата на жртвите?

Read more

Вучиќ: Хрватска, Косово и Албанија го прекршија договорот од 1996 година

Read more
 

Вести

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Читај повеќе

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Читај повеќе

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Читај повеќе

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Читај повеќе

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Читај повеќе

За трагедијата во Пулс тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Читај повеќе

Возел низ Скопје со над 100 км/ч и без важечка возачка дозвола

Читај повеќе

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Читај повеќе

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Читај повеќе