„Најзгодниот криминалец“ не го пуштија да влезе во Британија

Американецот Џереми Микс кого го нарекуваат „најзгодниот криминалец“ не доби дозвола да влезе во Велика Британија неколку часа пред забавата организирана по повод лансирањето на списанието Man About Town чија насловна страница ја краси тој.

Микс стигнал на аеродромот Хитроу со авион на American Airlines од Лос Анџелес во придружба на сопругата Мелиса и менаџерот Џим Џордан, но не стигна до забавата.

Неговиот менаџер рече дека Микс не бил уапсен, но бил задржан од граничната полиција и вратен во Њујорк иако ги имал сите потребни документи.

„Не го пуштија да влезе во земјата. Вознемирен е, го качиле на авион со полициска придружба“, стои на веб-страницата на поранешниот затвореник и актуелен модел.

Микс се снимал додека бил на аеродром и на снимката вели: „Смачено ми е од ова. Не ме пуштија, Лондон не ме сака тука иако јас ја отслужив својата казна. Ова е глупост. Со придружба, со придружба, нема смисла.“

Микс го привлече вниманието на јавноста кога полицијата од Стоктон објави негова фотографија откако беше уапсен за поседување полуавтоматско оружје.

Беше осуден на 27 месеци затвор и откако излезе од затвордоби договор да работи како модел.

Неговиот менаџер тврди дека Микс имал виза и писмо од полицискиот службеник задолжен за неговата условна казна.

Заедно отишле на царина и на пасошка контрола, но откако Микс го покажал писмото бил тргнат на страна.

Менаџерот и сопругата го чекале во ресторан на аеродромот пет часа, а потоа им кажале дека Џереми ќе биде вратен во САД.

„На прав пат е, ова е неговиот нов живот. Сега е многу тажен и се надеваме дека ова е само една препрека по која ќе се крене на нозе“, рече менаџерот и додаде дека ќе бара помош од Американската амбасада.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Сцена

На Боб Дилан ќе му се суди за силување малолетничка

Read more

Се снима филм за легендарната Шер

Read more

Наоми Кембел стана мајка

Read more
Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе