Наместо во Женева, промоциите на нови автомобили се селат онлајн

Епидемијата со корона вирусот Covid-19 донесе бројни проблеми во многу сектори, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија, особено во производствените погони во Кина.

На бројни производители ширум светот им доцнат потребните делови за да продолжат со работа, а меѓу откажаните настани е и Саемот во Женева кој се очекуваше со голема возбуда и кој годинава ќе одбележуваше 90 години.

Саемот требаше да се одржи на 3 и 4 март за новинарите и потоа од 5 до 15 март за пошироката јавност, но е одложен како дел од мерките на претпазливост по јавното здравје воведени ширум Швајцарија, кои подразбираат откажување на сите настани со повеќе од 1.000 луѓе.

Откажувањето ќе го чини градот Женева меѓу 200 и 260 милиони евра, а лошо ќе се одрази и на сите пријавени учесници кои во „5 до 12“ треба да прават измени и да калкулираат како најдобро да постапат за да претрпат што е можно помала штета, а сепак да ги претстават своите новитети.

Изборот на Автомобил на годината во Европа за 2020 година сепак се одржа и титулата ја понесе Peugeot 208.

Што сега?

Сега светските производители на автомобили треба да најдат алетрнативни платформи и методи за да ги претстават нивните најнови сериски модели, прототип модели, како и истражувања.

Некои од нив веќе се подготвени за овој предизвик: Porsche вчера официјално ја најави премиерата на својот нов 911 Turbo S за утре, 3 март (истиот датум кога требаше да дебитира во Женева), ама онлајн.

Со оглед на тоа дека во поголемиот број европски земји се забранети поголеми собири, Porsche премиерата ќе ја одржи преку стрим во живо, што значи дека буквално секој ќе има можност да ја следи „од првиот ред“.

BMW исто така утре требаше да ја прослави светската премиера на Concept i4 во Женева: целосно нов електричен Gran Coupé кој следната година ќе се симне од монтажната лента во Минхен и ќе се натпреварува со адутите на Tesla. Сега шефот на BMW Оливер Зипсе сака да го покаже возилото на дигиталната конференција за новинари од истражувачкиот центар на BMW во Минхен, а настанот исто така ќе се стримува во живо.

Audi планираше светска премиера на A3 Sportback во Женева и сакаше да претстави две нови верзии на големиот, целосно електричен e-tron модел: e-tron S и e-tron S Sportback. Сега сѐ ќе се одвива во Инголштат. Audi за утре, 3 март, закажа интернет светска премиера за купувачите и автомобилските медиуми во медиумскиот центар на компанијата и преку профилите на Audi на социјалните медиуми.

Mercedes-Benz соопшти: „Нашата прес-конференција што беше планирано да се одржи во вторник во Женева ќе се одржи во електронски формат. Се радуваме на мноштвото виртуелни соработници.“ Mercedes сака да ја покаже обновената E-класа и новите плаг-ин хибридни модели од класата компактни возила. Датумот на премиерата уште не е дефиниран.

Ferrari не планира да организира алтернативен настан на класичната саемска презентација, а ни Fiat Chrysler нема „план Б“, но сепак разммислува како да го покаже новиот електричен Fiat 500. Во моментов уште не е познато какви се плановите за претставување на освежените модели Alfa Romeo, Giulia и Stelvio.

Volkswagen ќе ги прикаже своите новитети утре преку стриминг во живо. Ралф Брандштатер, главниот извршен директор на брендот Volkswagen, и д-р Франк Велш, член на управниот одбор на брендот Volkswagen кој ќе биде одговорен за техничкиот развој, ќе ги претстават новиот Touareg R со хибридна технологија и осмата генерација Golf GTI. Настанот ќе се стримува во живо на ОВОЈ ЛИНК.

Renault денеска го откри концептот MORPHOZ. Францускиот бренд DS, кој е дел од групацијата PSA, бара место во близина на Париз за да го претстави концептот DS 9.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе