Ливерпул вечерва од 21 часот го пречекува Реал во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а навивачите на англискиот клуб веќе направија сè да дадат свој придонес за победа на „нивните“.
Навивачите на Ливерпул се одлучија за добро проверен рецепт - да не им дозволат на играчите на противничкиот тим мирен сон со „случаен огномет“ пред хотелот во кој се сместени.
Така играчите на Реал ги разбуди голем огномет во 2 часот по полноќ, а нема сомнеж дека делегацијата на Реал ќе се жали на УЕФА за тоа.
За двата тима Лигата на шампионите останува единственото натпреварување во кое можат да ја спасат сезоната.
И додека Реал покрај овосезонската доминантна Барселона има какви било шанси да ја освои титулата во Шпанија, Ливерпул на крајот на минатата година се збогуваше со титулата англиски шампион, а беше елиминиран и од двата англиски купа.