НАСА го прави најладното место во вселената

Малата кутија која наскоро ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица, ќе стане најладното место во вселената. Во кутија опремена со ласер, вакуум, посебна комора и електромагнетен „нож“, температурата ќе се спушти до 100 милиони пати пониско од онаа што владее во длабочината на вселената.

Кога атомите на гасот ќе се изладат во кутијата, тие ќе преминат во состојба на суперфлуид, односно Бозе-Ајнштајнов кондензат. Тоа ќе им овозможи на атомите да се движат без триење, а во такви услови може да се набљудуваат повеќе како браови отколку како честички.

Сепак таквите температури се уште не се постигнати, а тоа треба да се смени на Меѓународната вселенска станица. Вселенската агенција досега никогаш не ја набљудувала таквата состојба во вселената, а на Земјата поради присуството на гравитацијата, тоа било забележливо само во дел од секундата.

Во микрогравитацијата на Вселенската станица, тие атоми ќе можат да ја задржат состојбата на суперфлуид многу подолго, што на научниците ќе им овозможи долготрајно да го анализираат нивното однесување.

„Ако водата во состојба на суперфлуид би ја свртеле во чаша, таа вечно би се вртела. Таа нема вискозност да ја забави и да ја распореди кинетичката енергија. Кога подобро би ја разбирале физиката на суперфлуидите, би можеле да научиме како да ги користиме за ефикасен пренос на енергија“ - вели Анита Сенгупт од JPL лабораторијата.

Пет тимови ќе ги спроведуваат експериментите во лабораторијата, а ќе учествуваат и добитниците на Нобеловата награда за физика од 1995 година, кои први го создале Бозе-Ајнштајнов кондензат.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе