НАСА објави неверојатнa фоткa од јупитеровата месечина Ија

Предмет на проучување на научниците од НАСА во изминатите месеци беше јупитеровата месечина Ија, необична планета на чија површина се наоѓаат над 400 активни вулкани.

Јупитеровата месечина Ија поретставува еден од најинтересните објекти за проучување внатре во Сончебвиот Систем. Со своите над 400 активни вулкани се наоѓа помеѓу геолишки најактивните, а научниците објаснуваат дека оваа крајност е резултат на плимното загревање поради триењето создадено во неговата внатрешност додека се движи помеѓу т.н. Галилејски Месечини, односно Европа, Ганимед и Калисто.

Поради оваа причина, необичниот објект е предмет на проучување на бројни научници, а бидејќи сондата Juno лета околу Јупитер и неговите сателити од 2016 година, податоците за неа постојано се ажурираат. Новата слика објавена пред два дена од страна на научниците на НАСА, покрај тоа што им дава информации за тоа каде се наоѓаат најголемиот број вулкани на неа, открива и како изгледа овој светлечки систем од сулфурна пареа од далечина од 80.000 километри.

„Можете да видите вулкански жаришта на него. Тоа ни даде можност да следиме како се формираат и се одвиваат настаните на Ија“, рече главниот истражувач на вселенското летало Juno на НАСА, Скот Болтон, на прес-конференција во средата. Тоа резултираше со откритие дека најмногу вулкани на него не се наоѓаат во неговиот екваторијален дел, туку во поларните региони.

Поради сето горенаведено, планот е Juno на 15 декември повторно да се приближи до третата по големина месечина на Јупитер, да направи нови снимки и да собере информации кои ќе кажат повеќе за нејзиниот магнетизам, поради што на Јупитер се формира поларнa светлина. Затоа, ова ќе биде прво од деветте планирани прелетувања во негова близина што ќе се случат во следната година и половина.

Јупитер со своите сателити

„Додека гледаме како тука се менува вулканската активност, тие ја движат гигантната магнетосфера на Јупитер“, рече Болтон во средата. Објасни и дека аурорите не се разнобојни прикази на светлина уникатни за нашата планета, туку дека можат да се видат и на други планети, како што е Јупитер, кој е апсолутен рекордер кога станува збор за интензитетот на нивниот сјај.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе