НАСА откри кој ќе гради живеалишта на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА е во потрага по практични решенија за изградба на одржливи структури на Месечината, па го продлабочи партнерството со компанијата ICON од Остин, Тексас.

Оваа компанија е позната по изградбата на првата 3D принтана куќа за живеење во САД, во 2018 година. НАСА сега ја продлабочи соработката и склучи договор вреден 57.2 милиони долари за да развие решенија кои би помогнале во изградбата на инфраструктура како објекти за живеење, патишта на лунарната површина и простори за слетување.

Со потпишувањето на низа договори со приватната компанија, НАСА се обидува да ги дополни долгорочните мисии за истражување на Месечината, во склоп на програмата Artemis.

„Со поттикнување на овој развој со нашите комерцијални партнери ќе создадеме можности потребни за идните мисии“, вели Ники Веркајсер, директорка за развојна технологија во НАСА, во Дирекцијата за мисии на вселенската технологија..

Новиот проект е продолжение на напорите на ICON во скопл на договорот за двојна намена, што е делумно финансиран од НАСА и од Американските воздухопловни сили.

„За да ги истражуваме другите светови, потребно е да ги адаптираме иновативните технологии на тие опкружувања и потреби за нашето истражување“, додаде Веркхајсер.

Симулираното опкружување на мас, наречено Mars Dunel Alpha е развиено од ICON со помош на напредна техника на 3D принтање. Оваа структура ќе се користи за обука на астронаутите за долготрајни мисии.

Една од целите на НАСА е постојано човечко присуство на Месечината до 2028 година.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Вести

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more
 

Гик

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе