НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење

Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошка пресвртница која еден ден би можела да игра важна улога во мисиите на Месечината и пошироко.

НАСА откри дека системот за контрола на животната средина и поддршка на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица постигнал 98 проценти рециклирање на водата што ја носат астронаутите на МВС. Овој систем користи „напредни одвлажнувачи“ кои ја „фаќаат“ влагата што се создава додека екипажот дише и се поти за време на нивните секојдневни задачи.

Друг потсистем наречен Urine Processor Assembly ја собира урината и произведува вода и солен раствор на урина што сè уште содржи H20 преку процес на дестилација. Агенцијата започна со тестирање на нов уред кој може да „вади вода“ од тој раствор, со што е постигнато обновување на водата од 98 проценти на МВС во споредба со претходните 93 до 94 проценти.

Помислата дека астронаутите пијат урина во никој случај не е пријатна, но НАСА истакнува дека всушност се работи за питка, прочистена и филтрирана вода која е почиста од онаа што ја пиеме на Земјата.

Системите како ECLSS ќе бидат клучни во иднина бидејќи НАСА спроведува повеќе мисии надвор од орбитата на Земјата.

„Колку помалку вода и кислород имаме да испорачаме, толку повеќе научни компоненти можат да се вклопат во леталото. Сигурен, робустен регенеративен систем значи дека екипажот не мора да се грижи за тоа и може да се фокусира на вистинската намера на мисијата“, рече Џил Вилијамсон, администратор на НАСА за подсистеми за вода ECLSS.

Тагови
реклама

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Read more

Наука

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Read more
 

Гик

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе