Натпревар како тренинг: 22 гола во 90 минути
Фудбалерите на Баерн го одиграа подготвителен натпревар пред сезоната што почнува за четири дена.
Како „тренинг за шутирање“ им послужи екипата на локалниот клуб Ротах-Егерн. Резултатот беше во втор пплан – публиката од 2.500 луѓе беше дојдена да ги гледа ѕвездите на Берн, иако домашниот клуб изгуби со 2:20.
Дури 10 играчи се запишаа на листата на стрелци, а Левандовски, Вагнер, Францке и Коман изведоа и хет-трикови.