Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

На ниту едно место на планетата Земја, дождовната вода не може да се пие поради присуството на токсични хемикалии кои ги надминуваат препорачаните нивоа, покажува една неодамнешна студија на научници од Универзитетот во Стокхолм.

„Нема ниту едно место на Земјата каде дождовницата би била безбедна за пиење, според податоците што ги користевме“, изјави за француските медиуми, Иан Казинс, професор на Универзитетот во Стокхолм и директор, автор на студијата објавена во списанието Environmental Science and Technology. Неговиот тим ги проучувал податоците собрани од 2010 година и покажал дека „дури и на Антарктикот или на Тибетската висорамнина, нивото на загаденост на дождовницата е над предложените упатства од Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА)“, додава тој. Нормално, двата региона се сметаат за недопрени, но и тие имаат нивоа на ПФАС (пер и полифлуороалкил) „14 пати повисоки“ од американските упатства за водата за пиење.

Попознати како „хемикалии кои траат вечно“ бидејќи се распаѓаат екстремно бавно, ПФАС, првично присутни во амбалажите, шампоните или дури и шминката, се проширија во нашата средина, вклучително и во водата и воздухот. Откако ќе се проголта, ПФАС се акумулира во телото. Според некои студии, изложеноста на ПФАС може да има ефекти врз плодноста и развојот на фетусот. Исто така, може да доведе до зголемен ризик од дебелина или одредени видови на рак (простата, бубрези и тестиси) и зголемување на нивото на холестерол. ЕПА неодамна го намали препорачаниот праг на ПФАС откако откри дека овие хемикалии можат да влијаат на имунолошкиот одговор на вакцините кај децата, забележува Иан Казинс.

Според Иан Казинс, ПФАС сега се „толку упорни“ и се присутни што никогаш нема да исчезнат од Земјата. „Ние ја направивме планетата непријатна за човечкиот живот со неповратно контаминирање, што значи дека веќе ништо не е чисто. И до тој степен што не е доволно чисто за да биде сигурно“, рече тој. Ја „поминавме планетарна граница“, вели Иан Казинс, мислејќи на модел кој ја проценува способноста на Земјата да го апсорбира влијанието на човековата активност.

Сепак, научникот забележува дека нивоата на ПФАС во телото на луѓето се намалени „прилично значително во последните 20 години“ и дека „нивото на околината (на ПФАС во животната средина) останало исто во последните 20 години“. „Препораките се тие што се сменија“, прецизира истражувачот, објаснувајќи дека препорачаното ниво на ПФАС е намалено „милиони пати од почетокот на 2000-тите, бидејќи знаеме повеќе за токсичноста на овие материјали“. И покрај наодите од студијата, Иан Казинс смета дека мора да научиме да „живееме со тоа“. „Не сум страшно загрижен за секојдневната изложеност на планините, водните патишта или храната. Не можеме да избегаме, само ќе мора да живееме со тоа“. „Но, тоа не е идеална ситуација, каде што сте ја контаминирале животната средина до тој степен што природната изложеност не е навистина безбедна“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе