Научници се чекор поблиску до лек за Алцхајмер и Паркинсон - клучен е талогот од кафе

Талогот од кафе може да се користи во нов третман за Алцхајмеров и Паркинсонова болест, покажува нова студија.

Јаглеродните квантни точки базирани на кофеинска киселина, кои се направени од отпад од кафе, се покажаа ветувачки во третманот на невродегенеративните нарушувања.

Евтините лекови помогнале да во заштитата од ефектите на Паркинсоновата болест во експериментите со епрувета кога болеста била предизвикана од пестицид наречен паракват, открија американските истражувачи.

Тие се надеваат дека третманот може да се искористи за да им се помогне на луѓето во раните фази на деменција, како и да се спречи понатамошното напредување на болеста.

„CACQDs имаат потенцијал да бидат трансформативни во третманот на невродегенеративни нарушувања. Тоа е затоа што ниту еден од тековните третмани не ја лекува болеста, тие само помагаат да се контролираат симптомите. Нашата цел е да најдеме лек со решавање на атомската и молекуларната основа што ги поттикнува овие состојби“, вели Џиотиш Кумар од Универзитетот „Тексас“ во Ел Пасо, инаку водечкиот автор на студијата.

Околу 944.000 Британци во моментов живеат со деменција, а експертите предвидуваат дека бројот ќе надмине еден милион до крајот на деценијата.

Алцхајмеровата болест е најчеста форма на болеста и се смета дека е предизвикана од таложење на протеини во мозокот, вклучувајќи тау и амилоид.

Моментално нема лек за оваа болест, иако во моментов се тестираат три ветувачки лекови за забавување на нејзината прогресија.

Паркинсоновата болест погодува околу 145.000 Британци, а експертите предвидуваат дека бројот може да се зголеми за речиси една петтина на 172.000 до 2030 година.

Тоа е мозочно нарушување кое може да предизвика неволни потреси, бавно движење и вкочанети или нефлексибилни мускули.

Не постои лек, но доколку се открие рано, промените во исхраната и вежбањето, физиотерапијата, лековите и операција на мозокот може да помогнат во забавување на нејзината прогресија во некои случаи.

Една нова студија, објавена во Environmental Research, ги разгледа CACQDs, за кои експертите се надеваат дека би можеле да бидат основа за евтин третман за двете состојби.

„Тие се добиени од кофеинската киселина, еден вид антиоксиданс кој се наоѓа во кафето. Соединението е единствено бидејќи може да помине низ крвно-мозочната бариера и да влијае на органот“, вели професорот Махеш Нарајан од истиот универзитетот.

CACQD се добиваат со 4-часовно вриење на примероци од мелено кафе на 200 степени за да се промени јаглеродната структура на кофеинската киселина.

Истражувачите откриле дека кандидатот за лек помогнал да се исчистат слободните радикали, молекули во телото кои се поврзани со низа состојби, вклучувајќи ја и Паркинсоновата - и ги спречил да предизвикаат штета во експериментите со епрувета.

Исто така, го спречил таложењето на амилоидни протеини кои предизвикуваат Алцхајмерова болест без значителни несакани ефекти, велат истражувачите.

Научниците се надеваат дека дополнително ќе ги тестираат лековите за да видат колку се ефикасни во лекувањето на Алцхајмерова и Паркинсонова болест, со долгорочна цел да се произведуваат апчиња.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе