Научниците одушевени од стаклените кугли на Месечината

Примероците од тлото на месечевата површина доведоа до важно откритие и ги подгреаја надежите за стално човечко присуство на Месечината.

Научниците тврдат дека стаклените кугли расфрлани на површината на Месечината потенцијално кријат милијарди тони вода која може да се екстрахира за потребите на астронаутите во идните лунарни мисии.

Откритието се смета за едно од најважните до сега, поготово за вселенските агенции кои планираат изградба на бази на Месечината, бидејќи значи дека човештвото на располагање има широко достапен извор не само на вода, туку и на водород и кислород.

„Направивме едно од највозбудливите откритија“, вели Махеш Ананд, професор по планетарна наука и истражување. „Со ова откритие, потенцијалот за истражување на вселената на одржлив начин е поголем отколку што бил досега“.

Ананд и тимот кинески научници анализираа мазни стаклени зрна од примероците од месечевата почва вратени на Земјата во декември 2020 година од кинеската мисија Chang'e-5. Куглите, со големина помала од 1 милиметар, се формираат кога метеороидите удираат во Месечината и нагоре испраќаат стопени капки. Тие капки потоа се зацврстуваат и се мешаат со прашина. Тестовите направени на сферите откриваат дека значителна количина на вода ја покрива површината на Месечината - до 270 милијарди тони.

Сепак, потребна е преработка пред да се дојде до таа вода. „Не е како да протресете материјал и водата да почне да тече. Постојат докази дека кога материјалот ќе се загрее над 100°C, водата тогаш излегува и може да биде собрана“, вели Ананд.

„Ова откритие се надоврзува на растечкиот консензус дека Месечината е побогата со вода отколку што се мислеше“, вели Иан Крафорд, професор на Универзитетот во Лондон. „Дополнителните резервоари со месечева вода би можеле да бидат многу корисен ресурс во областите далеку од претпоставените наслаги на поларен мраз, но количината на присутна вода, која е најмногу 130 мл на кубен метар месечева почва, не треба да се преценува“.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе