Научниците регистрираа изненадувачки најдлабок земјотрес досега

Земјотрес кој се случил на неверојатна длабочина од 751 километар под површината на Земјата е најдлабокиот некогаш регистриран. Потресот се случил во зона каде досега се мислеше дека земјотресите се невозможни.

Земјотресот бил последица на друг земјотрес, оној од 7,9 степени според Рихтер кој во 2015 година ги погоди островите Огасавара, југоисточно од Јапонија во зоната на Микронезија во Пацификот. Се јавил како афтершок и не бил почувствуван на површината. Само крајно сензитивна опрема можела да го забележи.

Бидејќи се случил на длабочина од 751 километар, потресот бил во долниот плашт – зона каде сеизмолозите претходно веруваа дека е невозможно да се случи земјотрес.

„Ова е досега најдобриот доказ за земјотрес во долниот плашт“, неименуван сеизмолог специјализиран за длабоки земјотреси изјави за National Geographic.

Земјотресот прв пат јавно беше обелоденет во списанието Geophysical Research Letters и беше откриен од истражувачи кои работеле со токиската Hi-net низа на сеизмички станици. Консензус во научната фела допрва треба да биде постигнат за да се потврди длабочината на земјотресот.

Под екстремен претисок и температура во земјиниот долен плашт и подлабоката кора, малку веројатно е кршење на карпите при удар од ненадеен бран на енергија, туку се искривуваат при такво нешто. „Сепак, такво нешто не секогаш се случува како што би требало“, вели Памела Барнли, професорка по геоматеријали при Универзитетот во Невада.

„Повеќето земјотреси се случуваат во плитките региони на кората и горниот плашт, на длабочина до 100 километри. Минералите во кората имаат слаб капацитет за искривување пред кршење поради тоа што се изладени и кревки“, објаснува проф. Барнли во изјава дадена синоќа за LiveScience.

Додаде и дека минералите во континенталната кора може да бидат поладни отколку околните карпи, што значи дека нема да се однесуваат според очекувањата при таков притисок.

„Длабоките земјотреси претставуваат мистерија за научниците. Една теорија вели дека границата помеѓу горниот и долниот плашт можеби не е онаму каде што сеизмолозите мислат дека е“, вели Хајди Хјустон, геофизичарка при Универзитетот во Јузна Калифорнија.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе