Не се изгласаа измените на Законот за државјанство, Алтернатива и АА најавија блокирање на други закони

На денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност пратениците не гласаа за Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, бидејќи нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 600 амандмани за текстот, кои се дадени на превод.

Дополнително, пратениците од СДСМ и коалицијата се изјасниле дека нема да го поддржат Законот истакнувајќи поголем број причини за тоа.

Претседателот на Комисијата Миле Талевски за МИА изјави дека тие се екслицитно против овој закон поради поголем број причини, меѓу другото и поради фактот дека не е во согласност со Европската конвенција за државјанство. СДСМ, како што кажа, не поднесе амандмани, но предлага општа расправа за темата за државјанства.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе го блокираат секој закон што ќе дојде во Собрание, без разлика за каков закон и да станува збор. Ова денеска од собранискиот прес-центар го изјавија претседателите на партиите, Зијадин Села и Африм Гаши.

– Ова блокирање што го прават поличките актери можам да го опишам само како злобност. Од овој момент најавуваме дека секој закон што ќе дојде во Парламент, без разлиика за каков закон и да станува збор, ние ќе се однесуваме исто со илјадници амандмани додека не се отстрануваат амандманите што го блокираат законот што се однесуваат на тоа да се биде човек - Законот за државјанство, рече Села.

И претседателот на Алтернатива Африм Гаши истакна дека нивните два субјекта ќе блокираат секој друг закон, бидејќи, како што рече, тие мислат дека ниту еден друг закон не е побитен отколку реализацијата на човечкото право во нашата земја.

– Овој пристап е погрешен и ги повикувам сите владини и опозициски субјекти да го анализираат добро уште еднаш внатре во нивните партии. Да не го политизираат и етнизираат законот и да го третираат како основно човечко право, и да го подобриме законот, рече Гаши.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе