Нема веќе фудбал за него: ФИФА драстично го казни спортскиот директор на Тотенхем

На Фабио Паратичи му е забрането професионално да се занимава со активности поврзани со фудбалот ширум светот.

Доколку неговата жалба не биде прифатена, Паратичи ќе мора да се повлече од функцијата спортски директор на Тотенхем откако Меѓународната фудбалска федерација објави дека суспензијата која му е изречена во Италија важи за целиот свет.

Паратичи беше суспендиран заедно со целото раководство на Јувентус, што исто така беше казнето со одземање на 15 бода.

Во првиот момент, суспензијата која му беше изречена од 30 месеци се однесуваше само на неговата работа во Италија, но одлуката на ФИФА сега е суспензијата да важи за целиот свет.

„ФИФА може да потврди дека на барање на Италијанската фудбалска асоцијација, претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА донесе одлука дека казните изречени од Италијанската фудбалска федерација за неколку фудбалски функционери треба да се прошират на целиот свет“, се вели во соопштението од ФИФА.

Јувентус и сите суспендирани функционери поднесоа жалби на одлуката на ФА на Италија, но доколку истата не биде усвоена, јасно е дека Паратичи повеќе нема да може да ги извршува своите обврски во Тотенхем.

Тоа значи дека, откако го загуби тренерот Антонио Конте, Тотенхем ќе остане и без спортски директор. Паратичи беше вклучен во фалсификување финансиски извештаи во Јувентус за време на пандемијата на коронавирус.

Поради ова, италијанската фудбалска асоцијација му изрече 30-месечна суспензија, што особено не му пречеше бидејќи работеше во Англија. Но, ФИФА одлучи да ја прошири неговата забрана од Италија на сите земји во кои има јурисдикција. Спарс така останаа без човекот кој беше задолжен да им најде нов тренер по заминувањето на Конте.

Но, тие сè уште се во прилично добра позиција во првенството. Тие се на четвртото место во рангирањето со 49 бодови, односно бод помалку од третиот Манчестер Јунајтед. Речиси е сигурно дека на крајот од сезоната ќе имаат место кое ги води во некое европско натпреварување.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе