Netflix претстави нови правила и ограничување за делењето на лозинките во уште неколку земји: Шпанија, Португалија, Канада и Нов Зеланд.
Во овие земји, корисниците ќе мораат да платат дополнително доколку сакаат нивните пријатели и членовите на семејството кои не живеат во ист дом со нив да ја делат нивната претплата.
Netflix ќе наплаќа месечен надомест по додаден корисник од 3,99 евра во Португалија, 5,99 евра во Шпанија, и 7,99 долари во Канада и Нов Зеланд.
Од Netflix истакнуваат дека се свесни дека овие промени ќе бидат дочекани негативно кај корисниците и ги предупреди инвеститорите дека очекуваат откажувања на претплатите.
Новите правила стапуваат на сила веднаш, а Netflix креираше и страница за управување со пристапот на уредите каде корисниците можат да одредат кој сè ќе пристапува преу нивниот кориснички профил.