Неуништливата Lada Niva слави 45 години

Еден од најпознатите теренци во светот го слави својот 45-ти роденден.

Ако практично сè е кажано за некој автомобил, тогаш тоа секако е Lada Niva, теренско возило чиј одличен концепт се потврдува со фактот што овој модел, во основа непроменет, се произведува веќе 45 години. Оттогаш се направени 2,5 милиони примероци, од кои околу 700.000 завршиле во странство.

Во меѓувреме, Niva доби своевиден наследник, а целосно нова генерација се подготвува последните година-две. Сепак, колку и да беше критикуван основниот модел, тој остана во производство до ден-денес. Сега има додаток во името -Legend, кој на некој начин ѝ оддава почит на оваа легенда на 4 тркала.

Niva, или ВАЗ 2121, беше првата целосно независно развиена Lada. Класичен погон 4x4, едноставен бензински мотор и независна суспензија беа основата на проектот што некои го фалат и денес, особено затоа што Niva, како и јапонскиот ривал Suzuki Jimny, има компактни димензии.

Многу луѓе се заљубија во Niva, од шумари и други државни служби до ловци, земјоделци и авантуристи подготвени да тргнат со рускиот теренец каде што многумина не би се осмелиле ниту да одат пеш.

Со заминувањето на класичниот Defender во историјата пред неколку години, Niva остана еден од најдолготрајните off-road модели на пазарот. Моделот постојано се подобруваше, но на таков начин што ќе го задржи основниот концепт на широка употребливост и проодност во секое поле.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more
 

Автомобили

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе