Нил Армстронг е пред опасна мисија на Месечината во новиот трејлер за „First Man“
Еден голем чекор за човештвото почнува со еден опасен чекор на астронаутот Нил Армстронг (Рајан Гослинг) во новиот филм „First Man“. Вториот трејлер за биографскиот филм се фокусира на опасностите кои стојат пред Армстронг и Аполо 11.
„Мораме да доживееме неуспех. Мора да доживееме неуспех тука за да не доживееме неуспех додека сме таму“, вели Армстронг во „First Man“.
Покрај Рајан Гослинг, во филмот се појавуваат уште Џејсон Кларк, Клер Фој, Кајл Чендлер, Киран Хајндс и Итан Ембри.