Новата НХЛ сезона почна со тепачка на мразот
На натпреварот помеѓу Колорадо Аваланш и Чикаго Блекхокс изби тепачка помеѓу двајца хокеари откако имаа дуел за пакот.
Сем Лаферти и Џош Менсон прво разменија по некој удар со стаповите, а потоа ги фрлија ракавиците и преминаа на боксови. Лаферти заврши со раскрвавена глава, но не поради ударите од Менсон, туку поради тоа што при обидот да го собори ривалот, самиот со главата удри во мразот.
Инаку, Колорадо ноќеска славеше со 5:2, а тепачката се случи на минута и пол пред крајот. Новата НХЛ сезона штотуку започна и ова беше прв натпревар за двата тима.