Новата серија телефони Samsung Galaxy S24 го освои светот

Samsung повторно го оправдаа својот епитет за иновативен производител на мобилни телефони со најновите флегшип уреди од серијата Galaxy S24, но овој пат слободно можеме да кажеме дека и ги „променија правилата на играта“.  Тоа го сторија со инкорпорирање на Galaxy AI* вештачката интелигенција во бројни перформаси кај новите модели Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra  и со тоа им овозможијана своите корисници фантастични нови можности секојдневната комуникација да ја остваруваат на многу полесен, побрз и поинтелиген начин.

Која е AI функцијата која веднаш сите ја забележаа?

Remote video URL

Со цел да им обезбеди на корисниците неверојатна нова алатка на Galaxy уредите, Samsung во соработка со водечкиот светски пребарувач Google постави новa димензиja на пребарување, станувајќи првиот производител на мобилни телефони што воведе интуитивни гестови за функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search). Ако забележите интересен детал во позадината на објавата на некој пријател на социјалните мрежи или неверојатен факт на YouTube Shorts, или пак било каков предмет на екранот додека скролате, можете многу бргу да добиете информации за тоа, дури и без да ја напуштите страницата! Потребно е само со долго држење на почетното копче на вашиот Galaxy S24 или Galaxy S24+, да го заокружите со прстот тоа што ве интересира, или пак со добро познатото пенкало S Pen доколку се одлучите за Galaxy S24 Ultra. Да, толку e едноставно, и веднаш ќе ги видите резултатите од ребарувањето, како и генеративни прегледи овозможени од вештачката интелигенција кои ќе ви обезбедат корисни информации и контекст собран од целиот интернет. 

Составување на текстуални порака користејќи ја функцијата со вештачка интелигенција со функцијата Помош за разговор (Chat Assist), ќе го изрази вашиот тон на порака токму онака како што вие сакате, изразувајќи го вашиот став на професионален, пријателски, кежуал или официјален тон. 

Запишувањето на вашите мисли или правење список со задачи никогаш не било полесно со опцијата Помош за белешки (Note Assist) која ги скратува информациите и го обликува вашиот текст. Благодарение на вештачката интелигенција, вашиот екран станува организиран и лесен за прегледување. За гласовни снимки, опцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) користи вештачка интелигенција од говор во текст за транскрипција, сумирање, па дури и преведување на снимките на други јазици. Со серијата Galaxy S24, вашата секојдневна интеракција со вашиот паметен телефон станува неверојатно интуитивна и исполнета.

Камери за совршени слики и видео содржини

Со Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra сликањето и снимањето на содржини никогаш не било посовршено. И за овие перформанси, голема заслуга има AI обработката и функциите со вештачка интелигенција.

Galaxy S24 и S24+ доаѓаат со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можете да снимате динамични крупни кадри. Новата функција ProVisual engine, која ја користи моќта на AI зумирањето, ги подобрува деталите и боите за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум. На слаба светлина можете да сликате фотографии со намален шум благодарение на Nightography, а благодарение на наменетиот ISP Block, ќе можете Nightography да ја аплицирате и на Niсо селфи камерата. На дофат ви е и уредувањето на фотографии со помош на AI па така, доколку не успеавте да го фатите кадарот како што сакавте, со опцијата генеративно уредување може да ја пополните позадината, да ги отстраните несаканите предмети и сл.

Камерата на Galaxy S24 Ultra е првата камера на Galaxy паметен телефон што има систем Quad Tele. Со системот Quad Tele, ќе создавате појасни и почисти фотографии во опсегот на оптичкиот зум што го користите. Камерата од 50 MP сега доаѓа со 5x оптички зум. Дури и на 5x зум, живописните ефекти на Nightography се забележуваат дури и на слаба светлина, при што ќе добиете подетални фотографии и видеа од порано, благодарение на решението AI Zoom.  Покрај зум, моќниот ProVisual engine ја подобрува и високата резолуција, Nightography и Super HDR фотографиите. Новиот ProVisual engine поддржува целокупно фотографско искуство како што е висока резолуција, Super HDR, AI Zoom, Nightography и Помош за фотографирање. Исто така, екранот на Galaxy S24 Ultra има подобра видливост поради поголемата осветленост од 2600 нити и новото Corning® Gorilla® Armor.

Дизајн за сечиј вкус и стил

Препознатливиот дизајн на телефоните Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra овојпат доаѓа во уште пософистицирана форма и надграден поголем екран, кој кај Galaxy S24 е со голема од 6,2 инчи, кај Galaxy S24+ е 6,7 инчи, додека кај  Galaxy S24 Ultra е 6,8 инчи. Сите три модели имаат оценка IP68 за отпорност од вода и прашина и се зајакната со Armor Aluminium рамка, додека Galaxy S24 Ultra поседува и цврста заштита од титаниум вградена во рамката и поголема отпорност од гребнатини на екранот со Corning® Gorilla® Armor. Боите во кои можете да ги имате овие уреди се прекрасни, инспирирани од минерали и тоа кобалт виолетова, килибирана жолта, оникс црна и мермерно сива за Galaxy S24 и Galaxy S24+, додека пак Galaxy S24 Ultra доаѓа во титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта боја. Што се однесува до меморијата, со Galaxy S24 и Galaxy S24+ можете да бирате опции за меморија до 512 GB, додека со Galaxy S24 Ultra дури и до 1 TB. Трите уреди работат со најновиот кориснички интерфејс One UI 6.1, базиран на оперативниот систем Android 14. Сепак, веста која гласно одекна на пазарот е дека најновите телефони на Samsung од серијата Galaxy 24 ќе добијат дури 7 нови верзии на Android и 7 години безбедносни закрпи – нешто што корисниците не го очекуваа и навистина пријатно се изненадија.

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

реклама

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Мобилни

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more

Motorola ги откри спецификациите на смартфонот Moto G64 5G

Read more

Најевтините телефони ќе доживеат бум – цвета продажбата на смартфони

Read more
 

Гик

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе

WhatsApp добива AI chatbot

Читај повеќе

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Читај повеќе

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Читај повеќе