Нови детали: Полицаецот Дерек Шовен го познавал Џорџ Флојд

Дерек Шовен и Џорџ Флојд имале расправии додека работеле заедно како обезбедување во ноќен клуб, изјави за CBS нивниот поранешен колега.

Дејвид Пини кој работел со Флојд и Шовен во ноќен клуб, рече дека Шовен бил „премногу агресивен“, при што постојано имале конфликти со него.

„Верувам дека она што се случи на 25 мај е еден вид на одмазда“, рече Пини.

Дерек Шовен го уби Џорџ Флојд на 25 мај во Минеаполис. На снимката којашто беше објавена на социјалните мрежи, снимена од случаен минувач, се гледа како Флојд лежи на земја со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише. Во таква положба, со приклештен врат, полицаецот со едното колено го држи Флојд повеќе од седум минути, иако тој го моли за помош. 

Полицаецот Дерек Шовен се товари за „убиство од трет степен“ и „убиство без умисла“. Останатите тројца полицајци вмешани во инцидентот се отпуштени од работа.

Објавено е видеото на кое се гледа како полицаецот продолжува да го притиска Флојд на вратот со колено, дури и откако тој се изјаснува дека не може да дише и моли да се исправи, што дополнително го разгоре длабоко вкоренетиот гнев на граѓаните кон полициската бруталност и убиства насочени кон Афроамериканците во САД.

Смртта на Флојд предизвика низа протести против расизмот во САД и ширум светот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе