Ново дивјаштво на Фелипе Мело, нокаутираше противник
Ветеранот во 2017 се врати во родниот Бразил и оттогаш настапува за Палмејрас. Викендов имаше нов испад откако во судиското надополнување од првиот дел при воздушен дуел буквално го покоси играчот на Баија, напаѓачот Лука.
Противничкиот фудбалер остана да лежи во бесознание, а главниот судија веднаш го исклучи Мело. Во тој момент Палмејрас имаше водство од 1:0, а на крајот натпреварот заврши 2:2.