Ново откритие: Човековите предци почнале да готват пред 780.000 години

Научниците ги открија најраните познати докази за готвење на археолошки локалитет во Израел. Преминот од конзумирање сирова кон готвена храна бил драматичен пресврт во човечката еволуција, а откритието покажа дека праисториските луѓе можеби намерно палеле оган за да зготват храна пред најмалку 780.000 години, пишува CNN.

Деталната студија на рибини заби откриени на местото Гешер Бенот Ја`аков, лоцирана на работ на античкото езеро Хул, откри дека некои од нашите рани предци - најверојатно Хомо еректус - можеле да готват риба, вели авторот на студијата д-р Ирит Зохар, истражувач во Природонаучниот музеј Стајнхард на Универзитетот во Тел Авив. Жителите на областа околу езерото јаделе видови големи слатководни риби, додава Зохар.

На локалитетот не се пронајдени човечки останки, но камените алатки се совпаѓаат со оние пронајдени на местата Хомо еректус низ Африка. Зохар рече дека езерото е плитко и дека е лесно рачно да се ловат големи риби како изумрениот luciobarbus longiceps, кој можел да порасне до два метри.

Неверојатно важно откритие

„Ова е неверојатно важно откритие. Доказите за контролирана употреба на оган во раното камено доба во најдобар случај се минливи. Затоа, доказите за антропогено (поради човечка активност) акумулирани и варени остатоци од риба ќе имаат големо влијание врз истражувачката заедница“, изјави археолошкиот геохемичар д-р Бетан Линскот од Универзитетот Оксфорд, која не била вклучена во студијата.

Преминот кон готвена храна значел дека луѓето интензивно трошат помалку енергија барајќи и варејќи свежа, сирова храна, ослободувајќи повеќе време за развој на нови социјални и бихевиорални системи.

„Исхраната имала големо влијание врз еволуцијата на нашиот вид. Се смета дека консумацијата на месо особено придонела за зголемување на релативната големина на мозокот на нашите рани предци, но патогените бактерии го прават јадењето неварено месо ризична активност“, рече Линскот и продолжи:

„Меѓутоа, готвењето ги убива бактериите и ја зголемува енергетската вредност на месото, создавајќи нов, сигурен извор на храна за раните хоминини. Затоа, разбирањето кога се случило тоа е тема од голем интерес, бидејќи може да помогне да се објасни зошто нашите предци хоминини еволуирале токму така.“

Истражувањето беше објавено денеска во списанието Nature Ecology and Evolution.

Готвеле риба

Претходните истражувања на Зохар, кој работел на локацијата 16 години, откриле дека слоевите на седиментот во кои биле пронајдени камени алатки - што укажува на човечка активност - биле поврзани со голем број рибини заби од два специфични видови (luciobarbus longiceps и carasobarbus canis ) кои биле дел од семејството крап, а сега се изумрени.

Меѓутоа, имало многу малку рибини коски, кои за разлика од забите, омекнуваат на високи температури и лесно се распаѓаат. Друг труд на соавторката на студијата Нира Алперсон-Афил, професорка на одделот за израелски студии и археологија на Универзитетот Бар-Илан, идентификуваше траги од огништа - некои од најраните надвор од Африка.

Со цел да се утврди дали праисториските жители таму навистина готвеле риба, односно дека не фрлале само остатоци од риба во оган, истражувачите идентификувале промени во големината на кристалите на забната глеѓ, кои различно реагираат на промените во температурата.

Во експериментите, Зохар и нејзиниот соработник д-р Јенс Најорка, шеф на лабораторијата за рендген во Природонаучниот музеј во Лондон, анализирале 56 заби на праисториска и слатководна риба, што им овозможило да ги идентификуваат промените предизвикани од готвењето на ниско и високо ниво. температури. Резултатите покажале дека рибата била готвена на температури меѓу 200 и 500 степени Целзиусови.

„Не знаеме точно како ги готвеле рибите, но со оглед на недостатокот на докази за изложеност на високи температури, јасно е дека тие не биле готвени директно во оган и не биле фрлани во оган како отпад или како материјал за согорување“, изјави Најорка за CNN.

Хомо еректус

Научниците исто така успеаја да утврдат дека рибата е редовен дел од исхраната, односно дека не била само сезонски деликатес или последно средство кога исчезнале другите извори на храна. Истражувачите го постигнале ова со разгледување на геохемискиот состав на изотопи на кислород и јаглерод во глеѓта на забите за да откријат во кое време од годината умрела рибата. Резултатите покажале дека нашите предци готвеле и јаделе риба во текот на целата година.

Хомо еректус бил првиот хоминин кој мигрирал надвор од Африка, а истражувањата сугерираат дека древното езеро Хула можеби било клучна дестинација за време на тие рани миграции.

Не е познато точно кога луѓето првпат почнале да готват риба - или кој било друг вид на храна - и не постои консензус за тоа кога древните хоминини првпат ја развиле способноста да прават оган и да готват. До оваа студија, најраните цврсти докази за употребата на оган за готвење биле поврзани со неандерталците и Хомо сапиенсот, кои готвеле скробни корени во денешна Јужна Африка пред околу 170.000 години.

Кумулативната тежина на доказите презентирани во студијата сугерира дека рибата била готвена, вели Џон Мекнаб, професор во Центарот за археологија на човечко потекло на Катедрата за археологија на Универзитетот во Саутемптон. Тој не бил вклучен во студијата.

„Кога и каде првпат се појавил намерно запален и контролиран оган и кога почнавме да готвиме храна се две големи прашања на кои истражувачите од човечкото потекло долго се обидуваа да одговорат“, рече Мекнаб.

„Огнот не е само безбедност и заштита. Готвењето било причината зошто Хомо еректусот можел да се пресели во нови области“, заклучи Мекнаб.

Тагови
реклама

Лукот не е здрав за секого: Голем ризик за дури 4 групи луѓе

Read more

Večernji list: Македонската Струга е историско место за хрватскиот фудбал

Read more

Се огласи и Роналдо

Read more

Кои луѓе не смеат да пијат кафе?

Read more

Наука

Под супервулканот Јелоустоун има двојно повеќе магма отколку што се мислеше

Read more

Загрижувачко откритие: Бактериите имаат нов начин на развивање резистентност на антибиотици

Read more

Гуштерите постоеле 35 милиони години порано отколку што мислевме досега

Read more

Што ако НАСА никогаш не постоеше?

Read more
 

Гик

ЕУ дебатира како правно да се регулира работата на вештачката интелигенција

Читај повеќе

Како бесплатна игра заработи 9 милијарди долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како НАСА планира да ги врати луѓето на Месечината до 2024?

Читај повеќе

Корисниците во Европа ќе може сами да го поправаат својот iPhone

Читај повеќе

Кои се најпребаруваните поими на Google во 2022?

Читај повеќе
  • play_arrow

Конечно пронајдени остатоците од последниот тасмански тигар

Читај повеќе

ЕУ инвестира 43 милијарди евра во производство на европски чипови

Читај повеќе

Кој најмногу верува во вештерки, клетви и уроци?

Читај повеќе

Под супервулканот Јелоустоун има двојно повеќе магма отколку што се мислеше

Читај повеќе