НБА 2022/2023

Ново шоу на Дончиќ: Го среди Хит, исмејуваше судии, правеше потези за паметење

Кошаркарите на Далас Маверикс го победија Мајами Хит со 115:90 на свој терен, а ново шоу приреди Словенецот Лука Дончиќ.

Далас играше подобро од почетокот на натпреварот, особено во одбраната, па создаде голема предност по првата четвртина. Сепак, додека се замина на пауза Мајами донекаде се опорави, па првото полувреме заврши со 60:51 за Маверикс.

Идентично како и на почетокот, така беше и на во второто полувреме, во кое Далас целосно ги уништи гостите и го реши прашањето за победникот. До крајот на натпреварот само одржуваа голема предност за уште една важна победа.

Маверикс до победата ги предводеше брилијантниот Лука Дончиќ, кој оствари нов дабл-дабл учинок. На крајот постигна 34 поени, имаше 12 скока и 7 асистенции.

URL

При еден напад беше испровоциран и од судиите кои му досудија носена топка, што го налути Словенецот. Но, тој го задржа бесот за себе и веќе во следниот напад постигна тројка, по што нешто промрморе и со рацете покажа знак за носена топка исмевајќи ги судиите.

Имаше уште неколку потези за паметење, од кои највпечатлив беше кога по дриблинг низ нозе му додаде на соиграчот Дориан Фини-Смит, кој промаши отворена тројка.

URL

Помош имаше од Динвиди кој постигна 19 поени, додека Оладипо имаше 20 поени за тимот на Мајами.

Remote video URL

Далас е на петтото место во Западната конференција со 25 победи и 22 пораза, додека Мајами е на седмата позиција на Истокот со ист сооднос 25-22.

Резултати:

Орландо Меџик - Њу Орлеанс Пеликанс 123:110
Атланта Хокс - Њујорк Никс 139:124
Кливленд Кавалирс - Голден Стејт Вориорс 114:120
Далас Маверикс - Мајами Хит 115:90
Сан Антонио Спарс - Лос Анџелес Клиперс 126:131
Денвер Нагетс - Индијана Пејсерс 134:111
Јута Џез - Бруклин Нетс 106:117
Лос Анџелес Лејкерс - Мемфис Гризлис 122:121
Сакраменто Кингс - Оклахома Сити Тандер 118:113

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе