Објектот на Пошта избран во 12-те најзагрозени локалитети во Европа

Објектот на Пошта на Северна Република Македонија се најде на листата на 12 најзагрозени споменици во Европа. Зградата на пошта влезе во потесниот круг на 12 загрозени објекти во конкуренција на околу 300 апликанти од разни европски држави, информираше денеска генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

Фото: Бојан Блажевски

– Ова претстваува претфинален избор во рамки на програмата 7-те најзагрозени за 2021 година, која ја спроведува Европаностра - Европскиот глас на граѓанското општество. Објекот на Пошта се најде меѓу 12 најзагрозени локалитети во конкуренција на околу 300 апликцаии од различни делови на Европа, од страна на интернационално советодавно тело, составено од експерти по историја, археологија, архитектура, конзервација, проектни анализи и финансии, истакна Макрадули.

Финалната листа и првиот грант за 7-те најзагрозени објекти ќе биде позната и објавена на почетокот на 2021 година.

– Доколку пошта биде избрана во овој финален круг апликанти, тоа ќе значи краткорочни и долгорочни планирања, кои ќе обезбедат трајно зачувување и повторно заживување на објектот и негово достојно предавање на идните генерации како заштитено културно и градителско наследство, нагласи Макрадули.

Тој информира дека една од краткорочните мерки ќе биде и поставување привремен покрив за да се спречи натамошното уништување на објектот. Освен тоа, предвидено е функционално преиспитување на просторните можности преку спроведување јавни дискуси и дебати.

– Денес после повеќе години ги отвораме вратите за нова надеж на оваа некогашна главна шалтер сала на пошта. Овој најсилен симбол на постземјотресно Скопје, еден од најсветлите светски примери на модернизмот, граден по скопскиот земјотрес 1963 година, финализиран во 1974 година. Ова извонредно дело на македонскиот светски признат уметник Јанко Константинов, е многукратно наградуван проект во зејава и странство и изложен во МоМа во Њујорк. За жал, овој објект претрпе голема штета во пожарот во 2013 година. Куполата, внатрешните енетрниерни површини, специјално дизајнирани од Бошко Лазовски, фреските се уништени, истакна Макрадули.

Тој потенцира дека е потребно овој објект да се обнови.

Номинацијата на зградата на централната пошта била поднесена од Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), а поддржана од АД Пошти, како и од Министерството за култура.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе