Обвинение против шест лица од случајот „Еразмус”, сопрена истрагата за Таки Фити

Основното јавно обвинителство покрена обвиненија против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“ дека ја злоупотребиле службената положба на Економскиот факултет во Скопје и примале поткуп од студенти.

„Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик“, велат од обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја запре истражната постапка за лицето Т.Ф. ценејќи дека нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Хроника

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе