Од март повторно плаќање сметки преку националната Пошта

Вкупно 71 процент од сите активности со прометот во АД Пошти на Северна Македонија ќе остане во поштата, а 29 проценти ќе биде за „Халк Банка“ АД Скопје, која денеска, со потпишувањето на договорот за соработка, стана новиот партнер на АД Пошти на РСМ, изјави генералниот директор на АД Пошти на РСМ, Јани Макрадули.

Договорот за соработка е потпишан на 15 години, и за него Макрадули смета дека освен што ќе биде финансиска инекција за тековното работење, ќе овозможи и да се подобрат другите планирани услуги. Рокот за имплементација на договорот е два месеца и Макрадули верува дека тој период е доволен за „Халк Банка“ АД Скопје да се прилагоди на системот на АД Пошти на РСМ.

– Верувам дека има време, бидејќи системот со кој што аплицираа, беа свесни за условите, за начинот на кој вработените во пошта се навикнати да работат, на какви апликации и затоа, тој рок е навидум краток, но, во апликацијата има потполна подготвеност од нивна страна за да може за два месеци да започне работата, појасни Макрадули.

Како најзначајно, Макрадули го истакна тоа дека околу 300 точки, од денеска, или од моментот кога ќе профункционира, во рок од максимум два месеци, ќе станат достапни за граѓаните да можат да ги остваруваат своите услуги од платен промет.

Главниот извршен директор на „Халк Банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши, изрази задоволство за соработката со, како што рече тој, една еминентна и историска институција.

– Сметаме дека една институција како АД Пошти на РСМ, која е претставена во скоро сите, дури и најдалечни точки на оваа земја, во соработка со  еден значаен бренд како „Халк Банка“ АД Скопје, ќе можеме  на клиентите, во иднина, да им дадеме многу подобри, поквалитетни и пообемни услуги, рече Суџубаши,  изразувајќи надеж дека ова партнерство ќе биде корисно за двете страни како и за Владата.

Договорот е чекор кон финансиско стабилизирање на АД Пошти на РСМ, по затворањето на „Еуростандард Банка“, со која што, Пошти имаше претходна соработка, и поради која, беше принудена да го стопира платниот промет и обезбедувањето на финансиските услуги за многу граѓани и правни лица, во август оваа година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе