Охрид за празниците заличи на туристички центар, позначајна посетеност нема

Охрид за продолжениот викенд по повод велигденските и првомајските празници барем малку наликува на туристички центар. Има раздвиженост низ градот, на кејот на Охридското Езеро, на плоштадите, а има и гости по терасите на кафеаните.

Споредбено со некои подобри времиња пред епидемијата ова е далеку послаба посетеност, но ако се земе генерално ситуацијата особено изминатите зимски месеци, секое придвижување луѓе низ градот влева оптимизам кај угостителите и хотелиерите на каков таков промет.

Како и пред појавата на коронавирусот во Охрид, и сега, најмногу има домашни гости, во најголем дел оние кои имаат свои станови и викендички. Но, и оваа како и минатата година за празниците ги нема гостите од соседните држави Грција, Бугарија и Албанија. Има мал број гости од соседна Србија и ретко странци од други држави, сите пристигнати тука во приватна режија. Организирана посета на Охрид нема, барем тоа засега во кажуваат самите хотелиери кои велат дека немаат ниту една резервација. Исклучок има кај некои помали хотели или индивидуални сместувачки капацитети со најави за посета преку интернет-резервации.

Ситуацијата е далеку од посакуваното, постои одреден оптимизам дека посетеноста ќе биде подобра од минатогодишната, но тоа сѐ уште е непознаница оттаму што ситуацијата се менува секојдневно. Зависно состојбите на терен со коронавирусот така и државите носат свои рестриктивни мерки, што не дозволува планирање патувања и го стеснува просторот за закуп на капацитети за туристички аранжмани. За престојниот летен период од охридскиот аеродром, каде моментални има само две авиолинии, од крајот на јуни се очекуваат 13 редовни дестинации и 6 сезонски чартер летови.

Туристичките експерти сметаат дека мошне е важно како ќе се спроведува процесот на имунизација на населението и како ќе се почитуваат мерките за заштита од COVID-19, за земјата да се најде на листата безбедни дестинации и така да се очекува каква-таква посетеност.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе