Орбан: Унгарија не ги поддржува новите санкции на ЕУ против Русија

Унгарија не може, во формата во која се најавени, да го поддржи новиот пакет санкции на Европската Унија, кој вклучува ембарго за увоз на нафта, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Тој рече дека сегашниот предлог на Европската Комисија за забрана на увозот на руска нафта ќе биде „атомска бомба“ фрлена врз унгарската економија, додавајќи дека Унгарија е подготвена да преговара доколку види нов предлог што ќе ги исполни унгарските интереси.

Извршното тело на Европската Унија во средата предложи најстроги санкции против Москва поради војната во Украина, но неколку земји се загрижени за влијанието што ќе го предизвика запирањето на увозот на руска нафта и оти тоа ќе го попречи договорот.

Неколку источни членки на ЕУ се загрижени дека нема да имаат доволно време да се приспособат, иако дипломатите велат дека Унгарија и Словачка ќе имаат време до крајот на 2023 година.

Орбан изјави за државното радио дека на Унгарија ќе и требаат пет години и големи инвестиции во рафинерии и цевководи за да може да го трансформира сегашниот систем, во рамки на кој околу 65 отсто се потпираат на руската нафта.

– Ние точно знаеме што ни треба, прво ни требаат пет години за да го завршиме целиот процес, година до година и пол не е доволно за ништо, рече Орбан, додавајќи дека и на Унгарија ќе и требаат големи инвестиции во рафинерии и системи за испораки за да се овозможи увоз на нафта која не е од Русија.

Орбан праша дали е паметно да се инвестира до тој степен за резултат за 4-5 години, додека војната во Украина се случува сега. Тој рече дека Унгарија чека нов предлог од Европската Комисија.

– Не сакам да се спротивставам на ЕУ, туку да соработувам, но тоа е можно само ако ги земат предвид нашите интереси, рече унгарскиот премиер.

Орбан, исто така, рече дека Унгарија нема да поддржи ставање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, сојузник на Кремљ, на црната листа, бидејќи тоа е „прашање на верска слобода“.

Тој го повтори ставот на Унгарија дека нема да испраќа оружје во соседна Украина. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе