Оригиналната игрица The Last of US се враќа уште подобра

По бројните протекувања, Sony ја објави официјалната најава за игрицата „The Last of Us Part I“ за PS5, која во иднина ќе се појави и за компјутер.

Речиси една деценија по оригиналот, „The Last of Us“ ќе пристигне на конзолата PlayStation 5, која сега и официјално ќе има додаток наречен „Part I“, со цел да коегзистира во современиот свет со хит игрицата од 2020 година - „The Last of Us Part II“.

„The Last of Us Part I“ прво ќе се појави за PlayStation 5, така што во одреден момент, веројатно во текот на 2023 година, кога официјално се навршуваат 10 години од објавувањето на игрицата, ќе се појави и за компјутер и ќе ја продолжи одличната серија на PlayStation игрици на компјутери.

Она што се наметнува како логично прашање е дали римејк на оригиналната игра може повторно да ја освои титулата Игра на годината една деценија по објавувањето - зошто да не?!

Искрено, со сегашната ситуација во гејминг индустријата, но најмногу поради квалитетот на приказната „The Last of Us“, начинот на извршување и сè друго што носи „TLOU1“, сè е можно, особено што повторното објавување навистина изгледа неверојатно и преработено од темел.

Студиото Naughty Dog, како што се очекуваше, е повеќе од свесно за неодамнешното масовно протекување на „The Last of Us Part I“ и го доживеа како обесхрабрувачка и фрустрирачка ситуација и за компанијата и за нејзините програмери. Серијата протекувања во текот на јули, кои се обидовме да ги игнорираме колку што е можно за да не расипеме ничии впечатоци, вклучува речиси сè за што гејмерите биле заинтересирани - видеа од игрицата, слики од екранот, детали за функциите за пристапност и мапи на контролери, дури и распоред на контролите.

Поради сето ова, Naughty Dog порано од планираното презентираше сопствен преглед за тоа што можеме да очекуваме кога игрицата ќе излезе за PlayStation 5, што треба да биде веќе на 2 септември.

„Протекувањето е навистина глупаво“, напиша потпретседателот на Naughty Dog, Арне Мејер. „Особено кога сме на прагот на објавување. Тоа е обесхрабрувачки и фрустрирачки за тимовите кои вложиле сѐ за да направат големи работи за нашите играчи“.

Новиот трејлер се фокусира на визуелните подобрувања и карактеристики на претстојниот римејк, како и интервјуа со ко-претседателот на Naughty Dog, Нил Дракмен, директорот на игрицата Метју Галант и креативниот директор Шон Ескејг.

Целта е првенствено да се покаже дека протекувањето не ја прикажува игрицата во реални услови. Она што го видовме е речиси неверојатен напредок во графиката, уште подобра анимација на лицато и она што се чини дека е сосема ново искуство на приказната што многумина добро ја знаат и сакаат, а многумина го паметат како еден од најнезаборавните моменти на играње досега...

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе