Осака: Не чувствувам задоволство од играта

Њујорк, 1 август 2019 (МИА) – Светскиот рекет број 2, Наоми Осака призна дека последните неколку недели биле најлошите во нејзиниот живот и дека не ужива во играта по освојувањето на Австралија опен во јануари.

Титулата на Јапонката во Мелбурн беше втора последователна од Гренд-слем турнирите по нејзиниот успех на УС Опен, кој ја истрела 21-годишната тенисерка на местото број 1 на ВТА листата. Од тогаш, сепак, таа не успеа да освои турнир, ја загуби првата позиција во рангот и изгуби сензационално во првото коло на Вимблдон од Jулија Путинцева.

Осака на социјалните мрежи објави порака до своите обожаватели, објаснувајќи го колапсот во нејзината форма.

„Кога работите тргнуваат наопаку, јас се обвинувам себеси 100%. Имам тенденција да се исклучувам, бидејќи не сакам да занимавам никого со моите мисли или проблеми“, пишува Осака.

„Неочекувано, во најлошите месеци од животот, доживеав некои од моите најдобри моменти, затоа што запознав многу нови луѓе. Велејќи го ова, искрено можам да кажам дека не уживам во играта по Австралија опен – нешто за што во моментов сум свесна. Научив многу за себе и мислам дека пораснав толку многу како личност минатата година, така што навистина сум возбудена за тоа што носи иднината. Ќе се видиме на подготвителните турнири пред УС Опен“, додава таа.

Осака ќе се обиде да се врати во најдобра форма со турнирот во Торонто следната недела.

реклама

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Филипче: Состојбата со COVID-19 се влошува

Read more

Дали сте слушнале за правилото од „шест минути“ во сексот?

Read more

Секс-поза која ветува длабока пенетрација и силни оргазми

Read more

Тенис

Ѓоковиќ e новиот шампион на турнирот во Рим

Read more

Халеп конечно го освои Вечниот град

Read more

Ѓоковиќ го престигна Сампрас по број на недели на врвот на АТП листата

Read more

Надал сензационално испадна од Мастерсот во Рим

Read more

Спорт

  • play_arrow

Мората се врати во Јувентус, ќе зема 7,5 милиони евра по сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Алисон е голманот кој му ја прекина пенал серијата на Жоржињо

Читај повеќе

Властите открија: Суарес мамел на испитот по италијански јазик

Читај повеќе

Плејмејкерот на Работнички позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Алтобели: Видал ви е топ, продајте го Ериксен, задржете ги Перишиќ и Наинголан

Читај повеќе

Мурињо: Кејн мора да игра против Лејтон Ориент и Шкендија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тампа со тесна победа израмни во финалето против Далас

Читај повеќе

Ракитиќ: Не бевме блиски пријатели со Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити славеше на незгодното гостување кај Вулвс

Читај повеќе