Османи: Имаме високи очекувања од ЕУ и активно се подготвуваме за стартот на преговорите

Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи, очекувањата во периодот што претстои, како и дијалогот Белград-Приштина, беа тема на видео-средбата што денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја имаше со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград-Приштина.

Како што соопшти МНР, во оваа прилика Османи посочил дека земјава високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот. 

– Како непосредни соседи на Косово и Србија, имаме особен интерес од успехот на дијалогот Белград-Приштина посредуван од ЕУ. Приближување на ставовите на двете страни и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион, изјави Османи.

Соговорниците разговарале и за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи, како и за очекувањата во периодот што претстои.

– Имав исклучително успешна посета на Брисел, на средби со Високиот претставник на ЕУ, Борел, како и Еврокомесарот за проширување Вархеји. Во очекување сме на Годишниот извештај од страна на Комисијата, како и на економскиот план за Западниот Балкан кој го најави Еврокомесарот Вархеји. Дома сме посветени на реформите, со акцент на владеењето на правото, како и на финализација на сите политички и административно-технички подготовки за стартот на преговорите до крајот на годината, истакна Османи, упатувајќи уверување до Лајчак дека земјата ќе биде навремено подготвена за одржување на првата Меѓувладина конференција и стартот на преговорите со ЕУ.

Соговорниците се согласиле дека одржувањето на Првата меѓувладина конференција до крајот на годината е важна не само за Северна Македонија, туку и заради пораката којашто ќе се испрати до целиот регион. Тоа, според нив, ќе претставува потврда дека политиката на проширување на ЕУ продолжува, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе