Отворен фаншоп за Лукашенко во Минск

Контроверзниот белоруски претседател доби свој фаншоп во главниот град каде неговите фанови можат да се подноват со облека со неговиот лик или негови познати цитати.

Наречен „последниот европски диктатор“, Александар Лукашенко (а всушност оригинално Алјаксандр Лукашенка) има многу противници во својата земја, иако редовно победува на изборите. Но, има и такви кои го обожаваат и кои сега добија прилика неговиот лик да го носат и на маици и дуксери.

На Telegram излезе видео од нестрпливите Лукашенко фанови кои чекаат во редици пред новотворениот фаншоп за да си купат сувенир со ликот и делото на злогласниот диктатор.

Фаншопот е именуван „Первый“ (Прв) алудирајќи на тоа дека Лукашенко е првиот претседател на Белорусија по независноста од СССР, и досега единствен откако дојде на власт во 1994 година.

Освен неговиот лик, може да се купи и облека на која е испишана некоја од многуте мудрости кои Лукашенко ги има кажано, како на пример „Претседател не се станува - претседател се раѓа“.

На отворањето робата веднаш се распродаде, а од Telegram профилот на „вечниот“ стигна известување до разочараните купци кои не стигнале на време:

„Доколку не успеавте да купите на отворањето, не очајувајте. Ќе има доволно роба за секој. А, доколку снема, ќе направиме веднаш“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе