Париз ниту потврдува, ниту одрекува дека постои француска инцијатива за бугарското вето

Како што се наближува европскиот самит на земјите членки на Европската Унија, се погласни станаа тврдењата дека постои француски план или иницијатива за надминување на бугарското вето и почеток на преговорите за Северна Македонија. Официјален Париз се уште не се има изјаснето и јавно кажано нешто за евентуалниот француски план, јавува дописникот на МИА.

Додека, како што се пренесува дека се чека на Софија и на другите престолнини од земјите членки на Европската Унија околу последниот предлог на Франција за  отворање на патот за евроинтеграциите на Западен Балкан, поточно подигањето на бугарското вето Париз дипломатски молчи.

Имено, ниту француското Министерство за надворешни работи, кон кое се обративме уште пред две недели со прашање на оваа тема, обновено денес, ниту Елисејската палата засега ниту потврдуваат, ниту одрекуваат дека постои некаков план или инцијатива.

Според изјави на македонски и бугарски политичари таков документ постои. Неговата содржина останува непозната за македонската јавност, освен она што ни се сервира од источната страна на границата.

Според она што го пренесоа дел од бугарските медиуми, „Француското претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација“.

Така, францускиот предлог предвидува „укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.

Висок дипломат, сакаше да остане анонимен исто така не ни потврди дали постои таков предлог, но ни посочи дека „Париз интензивно се има ангажирано во изнаоѓање на решение и дека е во интерес на Франција и особено на претседателот Емануел Макрон да даде позитивен сигнал за регионот на Западен Балкан во контекстот на војната во Украина и ветувањата кои им беа дадени на Украина и Молдавија.“

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе