Пендаровски: Мерките против COVID-19 се добри, но делови од општеството потфрлија во нивната примена

На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мслам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири COVID-19, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека јадрото на мерките против ширењето на вирусот беа изготвени врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

– Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на Владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои сѐ уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, истакнува шефот на државата.

Според него, при тоа, не можете да се исклучат од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ, кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките.

Во врска со прогласената вонредна состојба, тој истакнува дека во дел од од јавноста, дел свесно, дел несвесно, имало недоразбирање околу толкувањето на оваа, како шро вели, „навистина уникатна ситуација“.

– Бројката на заразени, не е небитна од човечки аспект, и на починати се разбира, меѓутоа јас со вонредната состојба дозволив Владата да владее во време кога нема Парламент, значи Владата во исто време да биде и Парламент, да носи закони, и Влада – да ги имплементира законите. И во таа ситуација логично е дека вие давате да може да владеете од политички причини вонредна состојба. Не давате заради бројката на заболени. Сега јас не велам дека има помалку, дека короната е под контрола, меѓутоа велам дека сега Владата ме информира писмено дека има доволно залихи дури до крајот на годината, финансиски и други ресурси да се спротивстави на короната, вели претседателот Пендаровски.

Во врска со подгревањето на националистичките тензии во предизборието, Пендаровски нагласува оти смета дека национализмот не игра битна или доминанта улога пред избори, ниту има пресудно значање за тоа кој ќе биде изборен победник.

– Ваквите одредени изблици на национализам мене ми се чини дека се свесно медиумски насочени за да постигнат ефекти кај таргетиран дел од популацијата, вели претседтелот на Републиката, истакнувајќи дека национализмот го поттикнуваат политичките партии кои учествуваат на изборите и сакаат да направат резултат и сметаат дека нивниот партиски електорат сака тоа да го чуе.

Околу идејата на ДУИ за „премиер Албанец“, Пендаровски нагласува дека нема никаква уставна, политичка или законска пречка премиер на државата да биде Албанец.

– Не навлегувам во тоа кои се нивните партиски мотиви, јасни ми се, меѓутоа не гледам никаква пречка да го истакнат тоа како свое политичко барање пред нивните идни потенцијални партнери во идната влада, ако бидат во таква ситуација. Она што јас сакам да го кажам во тој контекст дека досега владејачката партија, односно претседателот на најголемата партија во владејачкото мнозинство секојпат со два мали исклучоци бил и премиер. Премиерот, според нашата поставеност на политичкиот систем, е најмоќната политичка фигура, тоа го знаеме сите, додава шефот на државата.

Во врска со преговорите за членство со ЕУ и можноста за вето од страна на Бугарија на овој процес, Пендаровски истакнува дека не очекува таков потег од страна на Софија.

– Мислам дека Бугарија ја има научено лекцијата од претходните децении, во смисла дека можеше да биде многу покрупен регионален играч, геополитички и геоекономски, а тоа не го направи и не треба да влезе во матриците на 19 и 20 век. Мислам дека нема да влезе комплетната бугарска политичка елита, бидејќи ќе сака во нашата држава да биде присутна на поинаков начин, повеќе и на поинаков начин, не со блокади и со вета, и мислам дека е добро да погледаат во примерот со Грција. После Преспанскиот договор Грција неспорно се позиционира како клучниот регионален играч на кој години и децении наназад му беше оневозможен пристапот од оваа јужна страна кон Европа, бидејќи имавме спор кој траеше, истакнува претседателот Пендаровски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе