Пет знаци на токсично пријателство

Обрнете внимание на овие 5 знаци на токсично пријателство. Имате ли вие ваков пријател?

Забрзан развој на пријателство

Исто како што и токсичните врски брзо пламнуваат, така се случува и со многу пријателства. Доколку некој сака премногу брзо, наметливо на секој можен начин да се имплементира во нашите животи тоа треба да ви биде знак за аларм. Кои му се намерите ако премногу брзо ни се отвора и дали истото го очекува и од нас? Треба ли да се отвораме пред непозната личност?

Поставете граници, почекајте прво да се запознаете, па потоа да го продлабочите односот.

Страда од комплекси

Секогаш таа е подобра, попаметна, поубава, покрај неа се чувствувате помалку вредно. Не ве разбира и не ве прифаќа таква каква што сте. Најчесто ве осудува, а понекогаш дури и ве навредува. Навредите можат да бидат во вид на шега. Дали воопшто ви треба ваква пријателка?

Ви завидува

Љубоморната пријателка може во целост да ги игнорира вашите добри вести и да ја намали нивната вредност за да испадне дека добрата вест и не  е толку добра работа. Не ги поддржува вашиот раст и развој, бидејќи не работи на сопствениот.

Ви ја црпи енергијата

Се случува по дружбата со оваа личност да се чувствувате исцрпено, скршено, лошо. Како да ви ја исцрпела позитивната енергија. Не ви треба емоционален вампир во животот.

Ги критикува другите луѓе во вашиот живот

Никој од вашите пријатели не е доволно добар, ниту еден ваш партнер не чини. На овој начин се велича себеси и сака да покаже дека е најдобра, дека само со неа треба да се дружите.

реклама

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе