УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Пиоли: Милан не успеа да даде гол, но можеме до пресврт

Стефано Пиоли верува дека синоќешниот меч беше игра на две полувремиња, разликата е во тоа што „Интер постигна гол, а Милан не“, но „Росонерите“ сепак можат да го свртат полуфиналето во Лигата на шампионите, особено со враќањето на Рафаел Леао.

Милан имаше кошмарен почеток на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со градскиот ривал. Прво Рафаел Леао отпадна од составот поради повреда, а потоа Един Џеко и Хенрих Мхитарјан до 11-тата минута донесоа водство на Интер од 2:0.

Исмаел Беннасер прерано го напушти теренот поради повреда, а потоа двата тима погодија стативи преку Хакан Чалханолу и Сандро Тонали, додека на Интер му беше поништен пенал со интервенција на ВАР.

„Тоа е суров термин“, изјави Пиоли за Amazon Prime Italia кога му беше посочено дека Милан изгледаше непрепознатливо.

„Факт е дека Интер одигра подобро во првото полувреме и постигна два гола, Милан одигра подобро во вториот дел и не постигна гол. Таков е фудбалот на ова ниво. Интер имаше повеќе квалитет и беше поефикасен во првото полувреме, а ние направивме премногу грешки за вакво ниво“.

„До 7. минута Интер ниту еднаш не влезе во нашиот шеснаесетник, а потоа при првиот корнер постигна гол. Јасно е дека требаше да бидеме поконцентрирани. Сакавме поинаков резултат, но мораме да продолжиме да веруваме, бидејќи момент може да промени сè во реваншот“, смета италијанскиот стратег.

Интер делуваше поагресивно и решително пред противничкиот гол, што беше изненадувачки со оглед на тоа што Милан беше домашната екипа со поголем дел од публиката на преполниот „Џузепе Меаца“.

„Имавме намера да бидеме компактни, интензивни и агресивни, но Интер беше подобар во многу 50-50 ситуации и тоа им помогна да ја преземат контролата врз играта. Тие исто така направија добро што ги искористија тие две рани шанси, што ни отежна на тактичко и ментално ниво. Видов силна реакција и тоа е она на што мора да се надоврземе за следниот натпревар“.

Инѕаги: Игравме извонредно, можевме да дадеме уште голови

Реваншот се игра во вторник од 21 часот, но бидејќи правилото за голови на гости повеќе не важи, секоја победа на Милан со разлика од два гола ќе донесе продолженија.

Тоа ќе биде тешка задача, бидејќи Милан загуби три од четирите средби со Интер сезонава и тоа во Серија А, Суперкупот на Италија и Лигата на шампионите.

„Имавме шанси во второто полувреме, па нормално дека во реваншот ќе ни треба повеќе квалитет и поагресивен став. Треба да ја подигнеме летвичката и да играме од почеток со нешто многу поблиску до учинокот во второто полувреме“.

„Момците се свесни дека ова не беше изведба или резултат што го посакувавме, тие се разочарани, но знаат дека сè уште имаме шанса да го свртиме во наша полза“, оптимист е предводникот на Милан.

По последниот судиски свиреж Пиоли изгледаше иритирано од судијата, што се случи?

„Видов многу 50-50 ситуации кои не беа оценети на ист начин“.

Remote video URL

Големото прашање неизбежно е околу Леао, кој има мускулен проблем и се надева дека ќе се врати за реваншот.

„Ќе видиме. Тој не беше во никаква состојба да игра денес, има уште шест дена и се надеваме дека ќе биде подготвен“, заврши Пиоли, кој во дел од сезоната 2016/2017 безуспешно го водеше токму Интер.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе