Тенис

Плишкова го освои трофејот во Рим

19. мај 2019 - 15:51 | МИА
Рим, 19 мај 2019 (МИА) – Чешката тенисерка Каролина Плишкова е победничка на ВТА турнирот во Рим.

Плишкова денеска во финалето ја совлада британската тенисерка Јоана Конта со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Мечот траеше еден час и 27 минути.

За Плишкова ова е 13. ВТА трофеј и втор на турнирите од Премиер серијата.

По денешниот успех, чешката тенисерка ќе се искачи на второто место на светската ранг листа. 

Коментирај