По 20 години конечно роботската рака ќе дојде на МВС

Европската вселенска агенција (ЕСА) се подготвува да ја лансира роботската рака која на Меѓународната вселенска станица треба да пристигне после низа одложувања кои траат веќе две децении.

Европската роботска рака (ЕРА) ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 15 јули, а нејзиното пристигнување се очекува на 23 јули. Ова ќе се случи по 20 години одложувања предизвикани од технички проблеми.

Тоа е всушност робот кој ќе шета надвор од рускиот сегмент на МВС, а лансирањето ќе се изврши со помош на руската ракета Протон, која исто така ќе носи руски повеќенаменски лабораториски модул наречен Наука.

Роботската рака е долга 11 метри и има можност да се закотви надвор од МВС и да се движи помеѓу фиксни точки.

ЕРА исто така ќе им помага на астронаутите за време на вселенските прошетки, а исто така може да помогне при инсталирање и замена на елементи од надворешната страна на Станицата. Раката има седум зглобови и ќе може да носи товар тежок неколку тони. Подвижната рака ќе ја намали потребата за прошетки во вселената, но исто така ќе превезува астронаути како кран кога е потребно.

Со роботот ќе можат да управуваат астронаути од внатре и надвор од МВС, а исто така може да се репрограмира за одредени функции. Воедно, содржи инфрацрвени камери кои можат да помогнат во проверка на Станицата однадвор.

Развојот на роботот во голема мерка беше финансиран од холандската Влада и направен од конзорциум на европски компании, вклучувајќи ги Airbus Defence, Space Netherlands и ЕСА.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе