Почина познатиот чешки писател Милан Кундера

На 94-годишна возраст денеска во Париз почина познатиот чешки писател Милан Кундера.

Веста за неговата смрт ја сподели медиумот France 24, бидејќи писателот долги години живееше и работеше во Франција.

Во својата богата кариера беше наградуван со бројни награди, во неговите романи главна тема беа мислите, чувствата и верувањата на поединци, а често пишуваше и за интимните врски.

Делото со кое се прослави во 1984 година е романот „Неподносливата леснотија на постоењето“ (Nesnesitelna lehkost bytí), каде ја раскажува приказната за љубовната врска помеѓу неколку луѓе, во чија позадина е приказната за Прашката пролет. Ќе остане запаметен и по делата „Шега“ (Žert, 1967), „Книга на смеата и заборавањето“ (Kniga smíchu a zapomnèni), 1979), „Уметноста на пишувањето“ (L'Art du roman, 1986) и „Бесмртност“ (Nesmrtelnost, 1990). Сите наведени книги се преведени на македонски јазик.

Поради неговото пишување, долги години живееше во егзил во Париз бидејќи во 1978 година му беше одземено чехословачкото државјанство, а неговите дела беа забранети во поранешна Чехословачка. Познатиот писател никогаш не се врати во својата татковина, ниту по независноста на Чешка. Неговите последни дела, напишани на француски јазик, сѐ уште не се преведени на чешки.

„Не постои таков сон за враќање. Со себе ја понесов мојата Прага: мирисот, вкусот, јазикот, околината, културата“, во една прилика изјави Кундера во интервју за германскиот Die Zeit.

Сепак, по 40 години откако му беше одземено државјанството, во 2019 година чешкиот амбасадор во Франција, Петр Дулак, на Кундера му подари потврда за државјанство во неговиот дом во Париз.

Кундера беше роден на 1 април 1929 година во Брно.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Најголемиот светски производител на алкохол во проблеми

Read more

Книги

Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Read more

Исланѓанец 110 години ги лажел сонародниците за Дракула

Read more

7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Read more

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more
 

Магазин

Кои фактори влијаат на изгледот на вашето бебе?

Читај повеќе

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Читај повеќе

Како да се ослободите од мирисот на мувла на крпите?

Читај повеќе

Кој е вашиот прв спомен од ГТЦ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Полнети пиперки со булгур пченица по грчки рецепт

Читај повеќе

Дали е време да им раскинете на пријателите?

Читај повеќе

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Читај повеќе

Дали е можно да претерате со јадење домати?

Читај повеќе

4 грешки при чистење на телевизорот што може да го уништат екранот

Читај повеќе