Почнува гласањето за избор на нов градоначалник на Општина Штип

Во Штип денеска почнува изборниот процес за избор на нов градоначалник на општината, кој ќе има мандат од девет месеци, до новите редовни локални избори во 2021 година. Правото на глас од утринава го остваруваат 12 болни од COVID-19 и лица кои се изолирани поради контакт со некој од заразените.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева вели дека ангажирани се два медицински избирачки одбори, кои со скафандери и заштитна опрема ќе ги посетат граѓаните кои се позитивни на коронавирусот и кои сакаат да го остварат правото на глас. Слабиот интерес за гласање на болните од коронавирусот и на изолираните лица  се должи и на тоа што голем дел од нив деновиве добиле негативен тест или им завршува рокот на изолација. Во изминатите пет дена во здравствениот билтен на Министерството за здравство се регистрирани вкупно 163 оздравени граѓани.

Во сабота, гласаат болните и немоќните и осудените лица. Избирачките одбори во домовите ќе посетат вкупно 66 болни и немоќни лица, а за петте казнено-поправни институции во земјава формирани се исто толку избирачки одбори, кои треба да овозможат гласање на 67 осуденици од Штип.

Во недела е изборниот ден, кога во 7 часот ќе се отворат гласачките места, а во 19 часот ќе се затворат. Според Државната изборна комисија, во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип  запишани се 39.605 гласачи. Во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор запишани се 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи.

Вкупниот број на гласачи е 41.777. Државната изборна комисија поради здравствените протоколи премести и пет избирачки места на локации, со што гласачите и членовите на избирачките одбори ќе бидат заштитени од заразата на коронавирусот. Обезбедена е заштитна опрема и средства за дезинфекција. Граѓаните на Штип своето право на глас можат да го дадат за еден од петмината кандидати за градоначалник.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе