Поминаа 25 години откако излезе ...Baby One More Time на Бритни Спирс

Пред точно 25 години, Бритни Спирс ја објави песната ...Baby One More Time, која владееше со музичките топ листи.

Во тоа време 16-годишната Бритни беше во средно училиште и единствена желба ѝ беше да го напушти местото каде што живее. По неочекуваниот успех на песната, желбата ѝ се исполни бидејќи преку ноќ стана најголемата поп ѕвезда во светот.

Позната група одби да ја сними песната

Песната е создадена од продуцентот Макс Мартин, со кого Бритни подоцна соработувала, но песната не била наменета за младата Бритни. Имено, Мартин ја замислил песната за познатата женска група TLC. Девојките од групата одбиле да ја снимат песната, а Мартин потоа ја испратил песната до издавачката куќа Jive Records, со која Бритни потпишала договор.

Но, имаше проблем. Имено, оригиналното име на песната е Hit Me Baby One More Time, а дискографската куќа се загрижила дека публиката може да помисли дека песната е за насилство. Тие дошле до решение и го тргнале „Hit Me“ од насловот, но не го смениле текстот на песната. Фразата „hit me (up)“ се толкува како „јави ми се“.

Бритни отпатува во Стокхолм во март 1998 година за да го сними вокалниот дел од песната. Првиот ден од снимањето поминал неславно бидејќи имала трема, но при вториот обид одлично го снимила вокалот.

„Знаев дека е одлична песна. Беше поинаква и ми се допадна", изјавила пејачката еднаш, а со неа се согласиле милиони луѓе ширум светот, како и музички критичари.

Светски хит и легендарен спот

Списанието Rolling Stone тогаш објави дека песната е меѓу најдобрите поп песни на радио во последната деценија, додека Entertainment Weekly ја опиша песната како „кенди поп со фанки ритам“. Песната го зазеде првото место на листата Billboard Hot 100 и таму остана две недели, но спотот за песната се пушташе дење и ноќе на тогаш мегапопуларната MTV.

Инаку, Бритни одлично го дизајнираше видеото, со помош на режисерот Најџел Дик, кој претходно работеше со Guns N' Roses и Oasis. Режисерот еднаш објасни како издавачката куќа ја отфрлила неговата оригинална идеја и ѝ дозволила на Бритни да ја избере облеката за видеото.

Спотот е снимен во август 1998 година во средното училиште во Венис и многу влијаеше на популарноста на песната, која сега е еден од најслушаните поп хитови во светот.

Remote video URL
Паднатата ѕвезда

И покрај големата слава, нејзиниот турбулентен приватен живот го привлекува вниманието на јавноста веќе две децении. Пејачката ја шокираше јавноста со бројни ексцеси, како оној кога ја избричи главата, а во последно време предизвикува загриженост кај фановите со своите бизарни видеа.

За два дена паднатата ѕвезда ќе ги објави своите мемоари „Жената во мене“ во кои отворено зборува за својот живот. Таа во своите мемоари откри, меѓу другото, дека забременила за време на врската со Џастин Тимберлејк, но абортирала.

Таа во своите мемоари се осврна и на врската со татко ѝ Џејми Спирс, кој го имаше конзерваторство над неа до пред две години. Во мемоарите, таа тврди дека татко ѝ „се опивал до бесвест“ и ја понижувал и ѝ наредил да работи против нејзината волја додека била под негово 13-годишно конзерваторство, кое заврши во ноември 2021 година.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Музика

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Read more

Spotify ја објави најпуштаната песна во 2023 година

Read more

Македонската претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска, заврши на 12-то место

Read more

Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Читај повеќе
  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Читај повеќе

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Fast X

Читај повеќе