Постигнат договор за платите во ЈСП, автобусите почнуваат да сообраќаат

Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.

– Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре. Автобусите почнуваат да сообраќаат, изјави Стојановски за МИА.

Информацијата им е пренесена од градоначалничката на Град Скопје со која имале средба пред половина час.

И од Град Скопје преку соопштение потврдија дека е изнајдено решение. Го повикаа менаџментот на претпријатието да си даде оставка и ги повикаа Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат долговите кон ЈСП.

– ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието. Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени. Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, се наведува во соопштението од Град Скопје.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе