Безживотно тело вчера беше извадено од водите на Охридското Езеро, а МВР соопшти дека станува збор за 66-годишен жител на Охрид.
На 28.08.2021 во 07:30 часот во СВР-Охрид, Б.П.(34) од Скопје пријавил дека во водите од Охридското Езеро на ул.„Кеј Македонија“ кај малото пристаниште забележал тело.
Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.