Правење скара на балкон во Германија може да ве чини 25.000 евра

Во Германија има ново правило што се однесува на правење скара на балкон.

Имањето обзир кон соседите и почитувањето на важечките правила се клучни за да се избегнат казни.

Граѓаните кои сакаат да прават скара на својот балкон мора да го почитуваат ова ново правило, а во спротивно може да се соочат со разни казни.

Пролетта е во полн ек, а тоа значи и дека е време за забави со скара. Иако правењето скара не е дозволено во многу паркови, вашиот двор изгледа како лесна алтернатива. Но, за оние кои сакаат да го направат тоа на свој балкон, има потенцијални проблеми. Причината за тоа е едноставна: не е дозволено сè што мириса примамливо и има добар вкус, пишуваат германските медиуми.

По правило, скара на балконот или во градината е дозволено, освен ако поинаку не е наведено во договорот за изнајмување. Но, тука лежи првиот проблем: ако соседите се вознемирени од чадот или бучавата, забавата со скара може брзо да доведе до парични казни.

До 25.000 евра за користење на скара на јаглен

Ова станува особено проблематично со скари на јаглен. Премногу чад не само што може да предизвика непријатности кај соседите, туку и да ги прекрши законите за заштита на животната средина. Казни до 25.000 евра може да се изречат доколку палењето скара предизвика штета на животната средина. Но, тоа не е сè: ако често правите скара може да стигнете и до судски спор.

Судските пресуди даваат груба слика за тоа колку често месечно и во кои денови е дозволено палење скара. Сепак, граѓаните треба да внимаваат да не предизвикаат сериозни проблеми, пишуваат германските медиуми.

Експертите препорачуваат секогаш да бидете внимателни кон соседите и да се придржувате до важечките прописи. Бидејќи и покрај тоа што е примамливо во лето, палењето скара може да биде скапо.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе