Прекрасниот скутер на Honda се врати и е електрифициран за XXI век

Во ноември, Honda ќе го лансира Motocompacto, духовниот наследник на прекрасниот скутер Honda Motocampo од 80-тите.

Кога е преклопен, скутерот изгледа како преклопна масичка за на пикник, со малите алуминиумски тркала кои штрчат од дното. За да се трансформира во скутер потребно е да се извлечат рачките, седиштето и задното тркало. Скутерот е долг околу еден метар.

Благодарение на алуминиумските тркала и рамката, скутерот е прилично лесен со своите 18,6 килограми и припаѓа во истата класа како и стандардните електрични велосипеди, а досегот му е нешто повеќе од 19 километри. Полнењето на батеријата трае 3,5 часа, а дел од скутерот е полнач кој овозможува поврзување со штекер од 110 волти.

Remote video URL

Скутерот е дизајниран да може лесно да се носи во јавен превоз, а тоа би можело да му помогне да привлече клиенти кои ги сакаат придобивките од електричниот велосипед или скутер без да се грижат дали ќе ги заклучат и ќе ги чуваат безбедно.

Motocompacto е дел од големиот план за електрични возила на Honda во кој компанијата сака да ја замени целата своја постава со електрични возила со батерии и електрични возила со горивни ќелии до 2040 година.

Honda Motocompacto ќе се појави на пазарот во ноември по цена помала од 995 долари.

реклама

Мотори

Дали брендот Ducati прв ќе „лета“ од Volkswagen?

Read more

Фински мотоцикл „на струја“ сруши Гинисов рекорд

Read more

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Read more

EV Fun Concept го најавува првиот електричен спортски мотоцикл на Honda

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе

Германски автомобил на годината 2027: Избрани најдобрите по класи

Читај повеќе

Volvo ќе го прекине производството на неколку модели во Шведска, загрозени се 3.000 работни места

Читај повеќе